Скопјанец малтретирал куче - притрчале да му помогнат па и нив ги нападнал

Во Скопје нарушен јавниот ред и мир од страна на вчера 59-годишниот С.М. удрил куче пред влез на зграда на булеварот „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од него.

Имено, С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р. односно го фатил за јакната и го турнал. Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот.

Полициски службеници излегле на лице место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

28.01.2018 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега