За 10 дена пресуда за Кежаровски?
Судењето за случајот „Ликвидација“ во кој се обвинети судии, обвинител, адвокати и новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски мора да заврши најдоцна до 13 септември со објавување на пресуда, јавува „Дума“ повикувајќи се на судски извори.
Според истите извори на порталот, на 15 септември, судијката Дијана Груевска Илиевска заминува на едномесечна обука во САД, а за да не почнува предметот од почеток мора да заврши и да се објави пресудата.
Според Дума, во петок на 6-ти септември ќе се сослушаат преостанатите сведоци и ќе почнат да се изведуваат материјалните докази како и да се гледаат видео снимките од следењето и транскриптите од прислушуваните разговори.
За да се забрза постапката, обвинителката Лиле Стефанова најави дека ќе предложи да се гледаат само три видео снимки и дел од транскриптите со телефонски разговори на кои се темели обвинението.