Спасов ќе не запознае со Проектот за самовработување со кредитирање
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на прес-конференција ќе информира за Проектот за самовработување со кредитирање и за Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска.
03.09.2013 - 08:54
Фото:
миа