Веселин Вујовиќ се извини

Словенечкиот селектор, Веселин Вујовиќ им се извини на домаќините на Европското првенство во Хрватска, откако претходно изјави дека местото каде што се сместени, Свети Мартин во близината на Вараждин е „вукојебина“.

Вујовиќ беше лут од паузата од три дена која ја имаа неговите ракометари пред втората фаза, жалејќи се дека тие немаат што да прават и дури размислувал да ги пушти дома – Свети Мартин е во близината на словенечката граница.

„Не сакав да навредам никого, тоа беше само шега и ништо повеќе. Не ми паѓа на памет да навредувам некого, посебно бидејќи во Хрватска сум дочекан како дома. Кажав ‘вукојебина’ без лоша намера, посебно кон луѓето кои прават сè да ни го направат престојот подобар. Искрено се извинувам“, вели Вујовиќ во изјава за „Спортске новости“.

 

 

 

23.01.2018 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа