Чешкиот селектор се огласи пред мечот со Македонија

Македонија и Чешка денеска играат многу важен натпревар на Европското ракометно првенство во Хрватска, а победата би им значела многу и на двете репрезентации кои се борат за висок пласман во групата во Вараждин.

Чешкиот коселектор Јан Филип добро ја познава нашата репрезентација, а пред новата пресметка со Македонија не заборави да потсети на последното соочување во Скопје, по кое Чесите протестираа за судискиот критериум и атмосферата во салата.

– Па, одамна не сме играле против Македонија, можеби цели шест месеци, – шеговито ја започнува својата изјава Филип.

– Се работи за наш традиционален ривал, Македонија ни е голем должник и би било убаво да ја победиме овде на Европското првенство. Нивните навивачи веќе им обезбедија одлична поддршка и очекувам дека ќе биде уште пожешко на овој натпревар. Истовремено, нивниот селектор Раул Гонзалес ја одведе Македонија на едно повисоко ниво, играат поразлично и подобро, во екипата има поголема дисциплина, – вели Филип кој ја води чешката репрезентација во тандем со Даниел Кубеш.

Натпреварот Македонија-Чешка започнува од 20:30 часот.

Извор: derbi.mk

 

 

 

23.01.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега