Јан Филип: Очекуваме македонската публика да направи бурна атмосфера и во Вараждин

Во последните 6 години Македонија играла против Чешка шест пати во квалификациски циклуси и европски првенства.

Вечерва нѐ очекува уште еден дуел помеѓу овие две репрезентации. Тренерот на Чешка, Јан Филип нагласи дека Македонците под водство на Гонзалес играат поподготвено и подисциплинирано, објави Екипа.мк.

“Под водство на Раул Гонзалес, Македонија направи голем чекор напред. Играат поубаво, играат поинаку. Тој им донесе повеќе дисциплина и повеќе работа. Тие играат многу добро и според мене, беа најголемо изненадување во првиот дел од ЕП. Мислам дека имаа шанси да стигнат далеку ако ја победеа Шпанија. Во секој случај, мислам дека Македонија сега игра многу подобро од она што го играа минатата година на натпреварот кај нас во Плзен“ – рече Јан Филип.

„Па, долго време не сме играле со нив, речиси половина година“ – се пошегува Филип.- „Македонија е нашиот традиционален ривал секоја година, се познаваме многу добро. Овде Македонците ќе имаат домашна публика. Нивните фанови уште во групната фаза на тимот му направија бурна атмосфера. Очекуваме така да биде и овде во Вараждин и да бидат силна поддршка за противникот. Поддршката за Македонија овде ќе биде уште поголема од онаа што ја имаа Унгарците“ - истакна Јан Филип.

 

 

 

23.01.2018 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега