Нема промени - Лазаров останува во составот против Чешка

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез нема да менува ништо во составот за натпреварот со Чешка, објави Спортмедиа.мк. На списокот на шпанскиот стратег е и Кирил Лазаров. Капитенот кој на дуелот со Шпанија се здоби со повреда на мускулот на задната ложа и натаму е неизвесен, дали ќе игра вечерва ќе биде познато пред самиот натпревар.

Се очекува на теренот да се врати Филип Миркуловски кој беше поштеден на неделната средба со Шпанија.

Со евентуална победа, Македонија ќе остане во игра за висок пласман.

Табела Група 2: Данска 6 бода (4 натпревари), Шпанија 4 (3), Германија 4 (4), Македонија 3 (3), Чешка 2 (3) и Словенија 1 (3).

 

 

 

23.01.2018 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега