Червар: Видовте како играше Македонија без Лазаров, на што личеше тоа

На прес-конференцијата пред мечот со Франција Лино Червар го прокоментира отсуството на најдобриот нивен изграч, Домагој Дувњак. Неговото отсуство го спореди со отсуството на Кире Лазаров во македонската репрезентација.

„Како игравме со Норвешка, јас сум горд на нашата екипа. Видовте, синоќа Македонија беше без Лазаров, на што личеше тоа? Како би изгледала Франција на пример без Карабатиќ? Сагосен за Норвешка? Јас сум горд на дечките, отвораат ново поглавје. Убаво е да си сега репрезентативец на Хрватска, но не треба сега да се фрлат копјата. Тимот треба да даде се од себе. Кој не би сакал да игра Дуле? Играме со тоа што имаме, се надевам дека сите ќе дадат се од себе и ќе се потрудат колку што можат и за репрезентацијата и за него и за тимот и за државата“, изјави Червар.

 

 

 

23.01.2018 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега