РФМ ја демантираше објавата на ЕХВ дека првенството е завршено за Лазаров

Европската ракометна федерација на нивниот Твитер профил објави дека Европското ракометно првенство за Кире Лазаров е завршено.

Македонскиот капитен заработи повреда на синоќешниот дуел против Шпанија во 11 минута од натпреварот.

Од Ракометната едерација на Македонија велат дека уште ништо не се знае и дека состојбата на Лазаров ќе биде позната деновиве.

„Не знаеме од каде ЕХФ го дозна тоа и зошто го објавуваат. Лазаров е на прегледи во Загреб и ние сè уште немаме дефинитивна информација за неговата состојба. Сè ќе биде познато наскоро“, вели Иван Ивановиќ, прес-офицерот на РФМ.

 

 

 

22.01.2018 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега