Пешевски: Ќе стиснеме заби, Чешка е сериозен противник

Македонија утре го игра вториот натпревар во втората фаза на Европското ракометно првенство против Чешка. Натпреварот започнува во 20:30 часот.

Нашиот бек Жарко Пешевски истакна дека Чешка е нзгоден противник, иако нашата селекција бележи победи против неа.

„Шпанија е минато, а нормално ние сме спремни за новиот предизвик, а тоа е Чешка. Не очекува тешка битка, голема борба со нив. Очекувам израмнет меч, каде што ќе решаваат детали, но ние сме подготвени да го оставиме срцето на терен“, вели вториот пикер Жарко Пешевски.

За Македонија да стигне до полуинале потребно е да победи во двата меча во рок од 20 часа.

„Ќе стиснеме заби, не очекува тежок ритам, секој да го даде својот придонес и максимално да се искористат овие два меча, за на крај да имаме позитивни резултати со Чешка, а после ќе мислиме на Данска. Чешка е една сериозна репрезентација, во која играат играчи кои не играа на претходните дуели против нас. Многу се поопасни сега, пред се имаат одлична одбрана, брзо одат во полуконтра, имаат супер-голмани. Очекувам тежок меч, но ние го заборавивме тој меч со Шпанија и влегуваме максимално, а сите заслужуваат од нас да видат дека ќе пак го оставиме срцето на терен за на крај да се радуваме“, додаде Пешевски.

 

 

 

22.01.2018 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега