Миркуловски: Лесно изгубивме од Шпанија, не игравме како што се договоривме

Нашиот бек Филип Миркуловски истакна дека очекува максимална посветеност на теренот од себеси и своите соиграчи на утрешниот натпревар против Чешка, иако знае дека нема да биде лесно да се извојува победа.

“Релативно лесно загубивме од Шпанија, не одигравме како што се договориме. Во секој случај е натпревар за заборав, но треба да ги кренеме главите и да одиграме добро со Чешка бидејќи уште сме во игра за полуфинале и висок пласман.

Уште не знаеме каква е ситуацијата со Лазаров, ќе биде голема штета ако не игра, но без секого се може и ќе треба да дадеме максимум од нашите сили за да стигнеме до победата.

Со Чешка игравме пред четири месеци, ги добивме релативно лесно со над десет гол разлика. Но, тој натпревар немаше големо резултатско значење, двете селекции беа пласирани на Европското првенство. Сега е сосема поинаква сликата, имаат тројца нови ракометари кои денеска ги анализиравме и адути на своја страна”, рече Миркуловски.

 

 

 

22.01.2018 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега