Ќе се формира Управен комитет кој ќе биде поддршка на Владата во спроведување на реформите

Владата на Република Македонија на денешната седница го разгледа процесот на европска интеграција и ја усвои информацијата за формирање управен комитет на Конзорциумот за зајакнување на изборните и политичките процеси и за поддршка во спроведување на клучните реформи.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска, како копретседатели на Управниот комитет, се задолжени да ја информираат Владата за напредокот на реализацијата на предвидените активности, најмалку на квартално ниво.

Целта на управниот комитет е да се обезбеди поддршка за Владата во идентификувањето и развивањето на приоритетите за техничка помош за зајакнување и за спроведување на реформите, соопштуваат од владината прес-служба. 

 

 

 

22.01.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега