Народот против нарко картелите - 14 мртви низ мексиканските улици

 

Мексиканските власти соопштија дека денес 14 лица загинаа во неколку престрелки кои што се случија меѓу локалните самоорганизирани чувари и припадници на нарко бандите во западната држава Мичоакан. Дражавните истражни полиции ги пронајдоа телата во три града на сојузната мексиканска држава Мичоакан, која е позната по активностите на бандите, пренела агенцијата АП. Самоорганизираните жители на локалната заедница која ги блокирала патиштата ги нападнале членови на нарко-бандите. Таквите „групи за самоодбрана“ се појавиле за прв пат во фебруари, со цел да се, како што рекле, да им спротистават на нарко картелите.

најчитано сега