Апелација потврди, Арсовски не го клеветел Ристо Шишков

Актерот Ристо Шишков не бил кодошен од неговиот колега Петар Арсовски, потврди Апелациониот суд Скопје по цели девет години судење.

Арсовски успеа да докаже дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски го клеветел со намера да му го наруши неговиот углед и чест.

Тужбата која беше поднесена против Шамбески уследи по одржана партиска прес-конференција, на 26 февруари 2009 година на која портпаролот на ВМРО ДПМНЕ кажа дека Петар Арсовски директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков. Шамбевски обвини дека во 1979 година, Арсовски го клеветел Шишков дека ги напаѓал тогашниот комунистички режим и дека токму поради дадени изјави Ристо Шишков бил осуден и затворен.

Судот му наложува на Шамбевски да плати надомест на штета од 120 илјади денари и да ги надомести трошоците на судската постапка, која траеше девет години поради непојавувањето на тужениот на суд, иако беше познато дека тој е во Амбасадата на Македонија во Пекинг, Кина.  

 

 

 

22.01.2018 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега