Протест во Солун: Терминот Македонија да не биде вклучена во името

 

 Денеска во Солун е закажан протест на кој главно барање ќе биде терминот Македонија да не биде вклучена во името на северниот сосед по интензивните преговори Скопје- Атина

Не е исклучена и можноста да се одржат повеќе различни демонстрации и во други градови но, со истата порака против името Македонија. Деновиве Грција , како никогаш досега е преплавена со написи и наслвни страници по медиумите  поврзани со преговорите за името и изјави врзани со преговарачкиот процес

Демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се дел од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

 

 

 

21.01.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега