Иванов: Не го потпишувам указот за Законот за употреба на јазиците

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на денешното обраќање соопшти дека нема да го потпише указот на новиот закон за јазици, што пред неколку дена го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ, во отсуство на пратениците од опозициското ВМРО-ДПМНЕ.

-Донесуваме неправеден закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Затоа, поради противуставноста на овој закон донесов одлука да не го потпишувам указот за Законот за употребата на јазицијте. Го информирав Собранието дека нема да го потпишам овој закон и поднесов забелешки за истиот. Ги повикувам пратениците да ги разгледаат забелешките, рече Иванов.

Иванов одлучи да го врати овој закон на одлучување назад пред пратениците, бидејќи, според него, тој во голема мера е спротивен на Уставот.

 

 

 

 

17.01.2018 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега