Ахмети: Охридскиот договор е во духот на Скендербег
Министери и функционери на ДУИ положија венци со цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој.
„Скендербег е инспирација низ вековите за сите поттиснати народи и останува централна личност за оние што го посакуваат мирот. Денеска достоинствено и со гордост можам да кажам дека самиот Охридски договор е во духот на Скендербег, а ние го одбележуваме и покрај тоа што бројни окупатори се обидувале да избришат се од меморијата на Албанците“, рече Ахмети.
17.01.2018 - 14:07
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа