Гонзалез: Со трпение стигнавме до победа, имаме 4 бода

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, е задоволен од натпреварот против Црна Гора во кој Македонија победи.

Вели дека иако не започнал добро, по овој натпревар нашата репрезентација има 4 бода.

Подобра игра, потенцира, имаше во второто полувреме која освен одбраната, добар беше и нападот.

-Јас сум задоволен од победите по првите два натпревари. Имаме четири бода. Не започнавме добро, но во продолжение функционираа и нападот и одбраната. Имавме трпение и на крајот стигнавме до победата, изјави Раул.

 

 

 

15.01.2018 - 22:31
Фото: 
РФМ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега