93 годишен дедо силувал четири девојчиња
Деведесет и тригодишниот Австралијец Карл Џозеф Краус се појавил на суд поради обвинението дека силувал четири сестри додека живеел на Тајланд во Југоисточна Азија. Тој е уапсен и обвинет дека во 2010 година силувал девојчиња на возраст меѓу 7 и 15 години. Неговите адвокати сега се обидуваат да го ослободат од обвинувањето, повикувајќи се на тоа дека бил премногу слаб да го издржи судењето. Красус со другите затвореници го изнеле од затворскиот автобус во провинцијата Чанг Меј во Тајланд, затоа што немал сили да се движи самостојно.
„Ќе бидам мртов пред пресудата да биде изречена“, изјавил Краус и додал дека не направил ништо лошо. Краус, Австралијанец со германско потекло, боледува од деменција и рак, наведуваат неговите адвокати. Но, додека бил на слобода е забележан во одлична здраствена состојба. Овој поранешен работник во железницата, живеел на Тајланд повеќе од една деценија, пред да ги запознае девојчињата во 2008 година и наводно да ги злоставува.
Полицијата во Тајланд тврди дека ги учел децата англиски јазик и ги убедувал да дојдат кај него нудејќи им чоколади и пари. Девојчињата им рекле на нивните родители дека постојано ги напаѓал, а тие веднаш го пријавиле во полиција. Службените лица пронашле повеќе од 100 порнографски фотографии на деца во неговиот компјутер.
Но, Краус подоцна тврдел дека е обвиненијата ќе биле отфрлени, ако ги подмител полицајците со 10,000 фунти.