Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе се пресметаат на „Енфилд“

На „Енфилд“ во Ливерпул попладнево се игра дербито на 3.коло на Премиер лигата. Тоа воедно е пресметка на двата тима кои имаат најмногу титули шампион во англискиот фудбал - Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Почетокот на натпреварот е во 14:30 часот.

Во истиот термин се игра и натпреварот Свонси - ВБА, додека во 17 часот е уште еден дебри дуел на два тима од Лондон, Арсенал го пречекува Тотенхем.

На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Манчестер Сити - Хал 2:0, Кардиф - Евертон 0:0, Њукасл - Фулам 1:0, Норвич - Саутемптон 1:0, Вест Хем - Стоук 0:1, Кристал Палас - Сандерленд 3:1 и Челзи - Астон Вила 2:1.

Табела: Челзи 7 бодови, Ливерпул 6, Тотенхем 6, Манчестер Сити 6, Стоук 6,.

01.09.2013 - 10:33