Објавен третиот конкурс „Биди пилот“

Објавен е третиот циклус за селекција во Центарот за обука на пилот во земјава.

- „Ова е трет циклус за селекција во Центарот за обука на пилоти, каде имаме можност да ги избереме четворица најдобри пријавени кандидати. Нашата интенција е овој Центар да прерасне во меѓународен тренинг центар, за што правиме напори кај сите соодветни меѓународни институции“, рече министерот за одбрана, Талат Џафери денеска на прес-конференцијата во во Министерството за одбрана.

Директорот на Центарот и еден од инструкторите со екстензивно летачко искуство, Јаари Шрага денеска изјави дека сака да ги покани сите талентирани лица без разлика дали имаат претходна поврзаност со професијата.

- „Ние работиме според еден многу професионален процес на обука и затоа сакам да ги поканам сите талентирани лица да ја искористат оваа уникатна прилика и да се пријават на Конкурсот, без разлика дали имаат претходна поврзаност со професијата“, изјави Шрага.

Инаку, со проектот „Центар за обука на пилоти“ се обезбедува сопствен капацитет за обука на пилоти кој значително ќе ги подобри вештините, квалитетот и професионализмот на идните пилоти. 

најчитано сега