За Божик гореше зградата на кумановската полиција - изгоре канцеларијата за аналитика

Вчера наутро на Божик избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово. Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари, а пријавен е во 8 часот и 10 минути.

Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се наоѓа на вториот кат во зградата на СВР Куманово, информираа од кумановската полиција.

Од МВР велат дека по извршениот увид констатирано е дека причина за настанување на пожарот е дотраената електрична инсталација.

 

 

 

08.01.2018 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега