Заев: Вицепремиерското место останува празно и ќе го чувам за кадар на Зијадин Села
Заев ќе му чува отворена врата на Села во Владата и покрај тоа што функционерите на Села наместо новогодишни честитки, потпишуваа оставки- објави Сител.
Премиерот вели дека вицепремиерот за реформи не е ресор за носење бурек
За испразнетите позиции, Заев вели дека веднаш по новогодишните празници Владата ќе назначи нови функционери. Вели дека сака да има 65 пратеници и почнува да разговара со останатите партии кои би можел да ги вклучи во мнозинството.
И партискиот генерален секретар денеска најави дека очекува проширување на мнозинството по Нова Година и враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Од опозициската партија пак за Сител велат дека во Собранието ќе се вратат тогаш кога во него ќе се создадат демократски услови за дискусија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа