Видео: Кога ураган беснее на Сатурн

 

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) објави дека истражувачкото летало Касини направило снимка од голем ураган на северниот пол на Сатурн.

На снимката се гледа „супер брз“ ураган со дијаметар и до 2.010 километри со облаци кои на работ достигнуваат брзина од 531 километар на час.

Овој успех на НАСА ќе овозможи решавање на енигмата за светлосните вртежи на Сатурн. Научниците очекуваат дека со истражување на вртежот на Сатурн ќе успеат да ги разоткријат и тајните на ураганите на Земјата.

Вселенскиот брод Касини е лансиран од Кејп Канаверал во 1997 година, а 2004 година пристигна на планетата Сатурн. 

најчитано сега