ВМРО-ДПМНЕ не донесе одулука за враќање во Собранието
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се вратат во Собранието се додека нивните колеги и притворените граѓани не бидат ослободени. Според неофицијални информации до кои дојде Press24 Пратеничката група на опозициската партија претпладнево имала средба со координаторот и партиското раководство и не донела одлука за враќање во Собранието.
Од партијата официјално велат дека по денешната координација одлучиле во наредниот период да ги дефинираат чекорите.
“Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повтори поддршката за неправедно притворените колеги и останатите граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реафирмирајќи ги позициите дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон.
Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите.
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието.“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Се чини крај на дилемите ќе стави одлуката на скопскиот Кривичен суд кој денеска треба да одлучува за продолжување на притворите на поголем дел од притворените за настаните од 27 април во Собранието бидејќи утре им истекува 30 дневниот притвор. Се чини доколку денеска судот донесе одлука и ги смени мерките за обезбедување извесно е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа