Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред одлука за враќање во Собранието
Постои расположение меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за враќање во Собранието. Извори од пратеничката група за Press24 велат дека постои можност пратениците утре да дојдат на седницата за пратенички прашања во Собранието.
Дека средбата Мицкоски – Заев донела некакво придвижување на состојбите индицира и денешното одложување на закажаните 5 собраниски седници што според упатени извори може да значи дека се чека ВМРО-ДПМНЕ да ги дополни пратеничките клупи.
За денеска околу пладне закажана е координација меѓу пратениците по што се очекува да биде донесена конечна одлука, дали пратениците од опозицијата ќе се вратат во пратеничките клупи.
Интересно е што утре истекува и 30 дневниот притвор на осомничените пратеници и граѓани за настаните од 27 април во Собранието, а Судот се очекува во меѓувреме да донесе одлука дали ќе им го продолжи притворот или пак ќе реши да им даде друга мерка за обезбедување, како куќен притвор или можеби да се бранат од слобода.
Последната опција веројатно би ги исполнила барањата на ВМРО-ДПМНЕ и не би имало пречки опозицијата да се врати во Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа