Во Аеродром 854 ПМ10 честички - Скопје и денеска се гуши

Ова утро скопјани се гушат во загаден воздух со високо ниво на штетни и опасни ПМ10 честички. И покрај неколкуте превземени мерки против загадувањето, денеска е екстремно загадено во две скопски населби, и тоа Ректорат и Лисиче, каде има висока концентрација на ПМ10 честичките.

И вчера Скопје се гушеше во загаден воздух, а меѓу загадените населби беа повторно Ректорат и Лисиче, како и Карпош и Центар.

Во Аеродром вчера биле измерени рекордни 854 микрограми ПМ10 честички.

 

 

 

26.12.2017 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега