ВИДЕО: Владејчакото мнозинство остана без мнозинство во Собранието
Владејачкото мнозинство остана без мнозинство во Собранието. И по два обиди, пратениците не успеаја да соберат 61 гласа за да го изгласаат новиот Јавен обвинител.
Тала Џафери по првото гласање и покрај тоа што на екранот стоеше дека има 65 присутни пратеници, побара од службите да ги пребројат народните избраници за да се утврди нивниот број, бидејќи за гласаа само 59 пратеници а еден беше воздржан што не е доволно за избор на нов Јавен обвинител.
Џафери побара гласањето да се повтори но вториот обид само го премисли едниот воздржан пратеник па сега 60 гласаа за што повторно е под границата од 61 глас за Љубомир Јовевски да го почне својот мандат.
Џафери даде пауза од 30 минути и побара од координаторите да ги соберат пратениците.
Според неофицијалните информации кои доаѓаат од собраниските служби на мнозинството му фали една пратеничка на ДУИ која подолг период не доаѓала на работа во Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа