Верификувани мандатите на пратениците Далибор Богдановски и Самка Ибраимовски

 

 

Собранието на Република Македонија денеска ги верификуваше мандатите на пратениците Далибор Богдановски  и Самка Ибраимовски. 

Тие доаѓаат на местата на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски, чии оставки претходно беа констатирани. Пендаровски ја напушти пратеничката функција бидејќи е назначен за национален координатор на Македонија за НАТО, а Васко Ковачевски треба да ја преземе директорската функција во РЕК Битола.

Собраниската седница се одржува без присуство на опозицијата. 

 

 

 

22.12.2017 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега