Страшевски собра доволно потписи: Давам поддршка Конгресот да се одржи
Јовица Страшевски го собра доволниот број на потписи од делегатите за да се кандидира за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ пред претстојниот Конгрес.
-Со оглед на новонастанатите состојби во партијата и со покренатата иницијатива за одложување на конгресот, која лично не ја поддржувам, јас собрав 33 потписи како моја кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Лично посетив дел од општинските и месните комитети низ државата, чесно и легално, сакам да се заблагодарам на целиот мој тим кој ми даде поддршка да ги собереме потребните потписи и легитимно да излеземе на конгресот. Со оглед дека се покренува една иницијатива која за мене не е добра, не води кон добро во партијата, води кон раскол на партијата, јас кажав дека е доста од се и повикав на обединување. Доколку сите кандидати излезеа и се пријавија на овој конгрес, гласовите ќе беа разделени и расцепкани и секој имавме подеднакви шанси да настапиме. Со оглед на тоа дека другите кандидати се откажаа, јас во интерес на партијата во која членувам долги години, во интерес на единството, во интерес на слогата и во интерес ВМРО-ДПМНЕ да излезе посилна и да победи на следните предвремени парламентарни избори кои се надевам дека ќе бидат наскоро, давам поддршка Конгресот да се одржи, истакна тој.
Сепак Страшевски не ја поднесе кандидатурата бидејќи не сакал да прави дополнителни расколи. Тој и неговите потписници од Конгресот, легитимно ќе учествуваат на истиот. Ќе гласаат за кандидатот кој најдобро ќе се претстави и ќе остави најдобар впечаток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа