Презентација на извештај за постапувањето на полицијата на локалните избори 2017 година

Извештај за постапувањето на полицијата за време на локалните избори во Република Македонија во 2017 ќе биде презентиран денеска во Скопје од Форумот за истражување на безбедносни политики „Секуритас“ Битола.

Истражувањето е направено врз основа на спроведена секундарна анализа на податоци, преку анализа на веќе објавени и јавно достапни извештаи и соопштенија за локалните избори од страна на неколку релевантни органи, институции и организации, како МВР, ДИК, ОБСЕ/ОДИХР, Граѓанската асоцијација МОСТ, ЦИВИЛ – Центар за Слобода, Хелсиншкиот комитет за човекови за права и други.

Спроведени се и интервјуа со претставници од органи, институции и организации, како и политички партии кои изразиле подготвеност да бидат вклучени во истражувањето, информираат од „Секуритас“ Битола.

Истражувањето на полициското постапување за време на локалните избори, како што информираат организаторите, е прво од ваков тип реализиран од страна на истражувачки тим во организација на граѓанскиот сектор.

 

 

 

21.12.2017 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега