Формирано првото здружение на македонските интернет портали

Се здружија највелијателните македонски интернет портали. Обединети ќе ги штитат професионалните и бизнис интересите во сопствената фела. Подобрување на статусот на интернет новинарите, заштита на нините авторски и социјални права и подобрување на бизнис условите во онлајн сферата ќе бидат главни двигатели на активностите на Асоцијацијата на интернет портали на Македонија

 

„Целта на нашето здружување е да ги заштиме правата на новинарите и да овезведиме подобри услви за работење во сферата на интенрет мдиумите. Со појавата на голем број сомнителни интернет изданија, време е да покажеме дека информациите кои ги произведуваат професионалните интернет медиуми се точни и релевантни бидјеќи нив ги создаваат професионални новинари.“ вели Ивана Цветановска од Курир, потпретсдател на АИП

Ова прво здружение на информативни интернет портали се основа во пресрет на новиот закон за медиуми и ќе се вклопи во одредбите кои се доволна гаранција за правата и обврските во овој нов медиумски сектор.
Асоцијалцијата на интернет портали чиј претседател е Славица Арсова е основана од десетте најпопуларни онлајн изданија на македонскиот пазар, а бројот на нови членови секојдневно расте. Основачи на здружението се Курир, Нетпрес, Грид, Прес24, Република, Сител, Вечер, Вести, Максим и Дејли. Здржението е отворено за пристапување на сите професионални интернет медиуми чија цел е подобрување на условите за работа во интернет просторот.

30.08.2013 - 21:49

најчитано сега