Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за одложување на Конгресот

Утре на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на Централниот во четврток ќе се разгледува барањето на дел од партиското членство за одложување на Конгресот.
Иницијативата се очекува прво да ја разгледа Извршниот комитет а потоа да му предложи решение на Централниот кој би требало да се изјасни по него.
Дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку отворено писмо побара од Централниот комитет да го одложи Конгресот за 2 месеци и на него, правно на глас наместо 544 да имаат 5000 делегати кои ќе бидат предложени од месните комитети на партијата.

 

 

 

 

 

19.12.2017 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа