Се комплетира кабеинтот на Заев - Села остана надвор
По Венко Филипче како министер за здрваство, воторо име во владиниот состав кое ќе биде пополенто е Арбр Адеми, порнашениот вицепремиер за интеграции од ДУИ.
Тој треба да дојде на заменичкото место во министерството за образование и наука. Предлозите се уште не се доставени до Собранието, но се очекува премиерот Зоран Заев тоа да го направи до крајот на неделата откако целосно ќе финишираат преговорите со Алијансата на Албанците на Зијадин Села. За Села, се уште стои понудата за вицепремиерско место за реформи и заменичко место во здравство.
Од партијата на Села пак, вчера немаа коментар на понудата за да останат во Владата на Заев. Неофицијално Села го одбил предлогот за вицепремиерксо место, но конечната одлука дали ќе се остане во Владата треба да биде потврдена од партиските органи. Села во моментов е на патување во САД.
За пополнување остануваат уште два министерски места. Едното е за имплементцијата на правата на Ромите на местото на Самка Ибраимовски. За таму се споменува името на Аксел Ахмедовски. Второ министерско место е за странски инвестиции на местото на Разми Мерку од ДУИ. Интегративците се уште на Заев не му понудиле име за оваа министерската позиција. Велат дека се уште размислуваат кому да ја доверат оваа функција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа