Саудискиот принц ја купил најскапата куќа на светот која чини 300 милиони долари (видео)

Престолонаследниокот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, ја купил најсакпата куќа во светот која чини 300 милиони долари.

"New York Times" во една неодамнешна статија открил дека саудискиот принц, Мохамед бин Салман, е сопственик на најскапата резиденција на светот.

Дворецот "Louis XIV" во Франција е продаден во 2015-тата година на неименувам купец од Блискиот исток за 330 милиони долари, а New York Times пред два дена објавил дека сопственик на дворецот е саудискиот принц, кој започнал голема борба против корупцијата во државата. 

Документите за купувањето на имотот од 23 хектари откриле дека го купил принцот Салман преку инвестициска компанија која ја води неговата лична фондација, објавил NYT.

Советниците на кралското семејство исто така потврдиле дека дворецот му припаѓа на принцот.

Купувањето на дворецот било само едно во низата големи купувања на крунскиот принц, вклучувајќи и јахта од 500 милиони долари и една луксузна палата за одмор во Мароко.

 

 

 

 

19.12.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега