Цел живот погрешно ги местите сијаличките на елката - на овој начин ќе изгледаат поубаво

Секој има некоја празнична традиција, посебно кога се работи за божиќна традиција. Еве една информација која ќеве изненади сите.

Повеќето луѓе ги местат сијаличките хоризонтално, во кру, почнуваат оддолу или одгоре и ги обвиваат по гранките на дрвото.

Сепак според дизајнерот за ентериер Франческо Билото, ова не е правилно. Тој тврди дека сијаличките треба да бидат поставувани вертикално, бидејќи на овој начин секое делче од вашата елка од горе до долу ќе светка убаво.

Тој, исто така, додава дека на овој начин сијаличките нема да бидат сокриени позади гранките.

Франческо ве советува да започнете да ги ставате сијаличките од врвот на елката, па надолу, потоа на неколку сантиметри на страна да ги качувате нагоре, па назад и да повторувате додека не ја покриете целата елка со сијалички.

Китењето на елката хоризонтално според дизајнерот не е правилно, но можеби некои луѓе не сакаат да бидат во право, туку сакаат да го сторат тоа на начинот на кој ним им одговара.

Исто така и кога ќе ги симнувате сијаличките немојте само да ги „бутнете“ во кутијата, туку намотајте ги на ролна од тоалетна хартија, па така нема да ви се замрсуваат и ќе бидат спремни за користење наредната година.

 

 

 

 

19.12.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега