Кој има најголеми шанси да биде нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Никола Попоски има најголеми шанси да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ доколку се прашуваат читателите на Press24.
Според анкетата спроведена во изминатите 7 дена, 27% од читателите на Press24 сметаат дека Попоски е најдобро решение за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
21% најмногу веруваат во Илија Димовски, а следат Филип Петровски и Христијан Мицковски со 14% поддршка и Александар Пандов за кого би гласале 7% од нашите читатели.


На анкетата гласале 1159 наши читатели.
Сепак, одлуката не ја носат нашите читатели туку 544 делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. За таму се уште нема информации за официјално поднесени кандидатури. Од партијата велат дека имињата на кандидатите ќе ги соопштат кога ќе заврши процедурата за кандидирање, а тоа е во четврток во 15 часот.
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ почнува во петок, на 22 декември во Валандово. Се очекува гласањето да биде во сабота. 

Нашата анкета се уште е отворена. Можете да гласате преку овој линк.

 

 

 

19.12.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега