МОН до 6 јануари очекува предлози по новиот предлог-закон за високо образование

Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите засегнати страни во наредните 20 дена, до 6 јануари 2018 година, да дадат коментари и предлози по предложениот текст на законот за високо образование. 

Нацртот на новиот закон, како што соопшти, е подготвен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија  https://ener.gov.mk/, а коментарите и предлозите може да се доставуваат на zvo@mon.gov.mk или до архивата на МОН (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

- Имајќи ја предвид значајноста на законот за високото образование, а притоа водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација околу нацртот на новиот Закон за високото образование, наведува МОН и додава дека коментарите и предлозите се добредојдени за подобрување на нацрт-верзијата на законот. 

 

 

 

18.12.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега