Видео: Се сруши бина на музички фестивал во Бразил - почина познат Диџеј

При рушење на целата бина на фестивалот на електронска музика во Бразил загинал и млад диџеј, а три лица се повредени.

На интернет е објавена вознемирувачка снимка од моментот кога целата бина се руши и паѓа врз 30-годишниот Диџеј Калеба Фреитас на фестивалот Атмосфер во градот Естеиј.

Околу 500 луѓе го посетиле овој фестивал во неделата кога се случила смртоносната несреќа. Фреитас бил веднаш однесен во болница, но починал од критична повреда на главата.

Фестивалот се одржувал и покрај предупредувањата на метеоролозите кои предупредиле дека се оечкуваат силни ветрови и дожд, но организаторите одлучиле да продолжат со фестивалот. Покрената е службена истрага за причината за рушење на бината.

 

 

 

18.12.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега