Пред трагедијата се слушнале четири пукања, а Тамара врескала и повторувала еден збор

-Слушнав четири истрели, а потоа и жена како плаче и вика: „Помош“.

Вака за српски „Блиц“ раскажуваат сведоците на драмата која во 8:20 часот утрово се случувала на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград, кога Душко Р. (37), со неколку куршуми ја ранил својата сопруга Тамара Р. (37).

-Како што дознаваме, Душко и Тамара се наоѓале во автомобилот и најверојатно се карале, кога тој нагло закочил, излегол од автомобилот, се доближил до вратата на совозачот, ја отворил и пукал кон сопругата, јавуваат српските медиуми.

Како што велат сведоци, тој во неа испукал три куршуми, а потоа се свртел и себеси си пукал во главата.

Двајцата се наоѓаат во болницата за дијагностика, состојбата на Тамара е стабилна, додека Душко се наоѓа на реанимација.

Тамара е вработена како директорка на Предшколската управа во Сурчин, а крвавиот пир се случил во нејзиниот службен автомобил.

 

 

 

18.12.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега