Финишира трката за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ влегува во самиот финиш. Во последната недела пред Конгресот кандидатите за предводник на опозицијата водат кампања внатре во партијата и ги избегнуваат медиумите.
Освен Филип Петровски кој редовно комуницира и преку социјалните мрежи, останатите кандидати делуваат прилично повлечено.
Отворено кандидатура најави и Христијан Мицковски, но од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имињата на оние кои поднеле докази дека ја имаат поддршката на 30 делегати ќе бидат соопштени официјално по истекувањето на рокот на 21 декември, во 15 часот.
Покрај овие двајца, во игра се и политичкиот аналитичар Александар Пандов но и членовите на највисоките партиски тела, Илија Димовски, Антонио Милошоски и Никола Попоски.
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане оној кој што ќе ја добие поддршката на мнозинството од  544 делегати на Конгресот.  Доколку ниту еден кандидат нема над 50% од присутните делегати, ќе се гласа во втор круг, а таму, победник ќе биде оној кој ќе има повеќе гласови но само доколку во гласањето учествувале половина од вкупниот број делегати на Конгресот или 272.
Конгресот ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово.

Анкетата меѓу читателите на Press24 можете да ја погледнете тука. Кликнете тука за да гласате.

 

 

 

18.12.2017 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега