Фото: Неговата љубовна приказна не почна славно, вака Бајага ја запознал својата жена

Со долгогодишната девојка Емилија, Момчило Бајагиќ се венчаше во 1989 година, после 7 годни заеднички живот. Наредната година го добија синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анџела.

Момчило Бајагиќ, познатиот фронтмен на групата „Бајага и Инструктори“ откри како ја запознал својата сопруга.

-Ема живееше во Земун, а се запознавме во автобус, се сеќава Бајага и продолжува.

-Во автобус прв пат ја прашав дали би сакала да излезе со мене во недела, а таа ми кажа дека во недела не излегува. Мене тоа ми беше како да ме олади, зошто кој не излегува во недела? Ема можеби излегувала во сабота, од каде да знам. Јас тогаш не поставив никакво дополнително прашање, ми беше незгодно. Дури после неколку месеци почнавме нешто, вели тој.

Како што самиот признава, Бајага сите љубовни песни и ги посветил на Емилија. Тој пред неколку години зборуваше дали некогаш бил во искушение.

-Врската како врска никогаш не беше во искушение, но на Еми секако не и било лесно. Кога си јавна личност, секакви работи за тебе се појавуваат во медиумите. Ема тоа стварно добро го поднесе, посебно тие првите години од нашето забавување. Се сеќавам дека едно лето отидовме на една далечна плажа да бидеме сами. Меѓутоа, наеднаш се појавија пет луѓе кои седеа и гледаа во нас. Тоа можеби им беше интересно. Мене најглупа фора ми беше да зборувам дека немам девојка за девојките да ме бркаат. Луѓето те сакаат поради музиката. Да не правев добри песни, немаше да ме сакаат.

 

 

 

17.12.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега