Името не го даваме, порача Митрополит Петар од Битола

-Македонската православна црква не може да има мајка, може да има само сестрински цркви, смета владиката Петар, по писмото што синодот го испрати до Бугарската црква. Според него, новите патишта до автокефалноста, МПЦ ги бара по вина на Српската црква.

-Потеклото на МПЦ не е од вчера. Корените на нашата црква се од Светиот Апостол Павле и во историски контекст не може да се рече дека нашата црква има мајка, вели митрополитот Петар, посочувајчи дека мајка на сите цркви во светот е Ерусалимската црква, додека Вселенската патријаршија е првопрестолна меѓу православните цркви. Единството на СПЦ беше само персонална унија чија функција престана откако патријархот престана да се именува како српски и македонски патријарх, вели Митрополитот Петар.

Митрополитот Петар се осврна и на актуелното прашање за името посочуваји дека е залуден секој обид да се менува името.

 

- Залудно е секој обид на било кој да се менува името на нашата татковина, зашто ако немате име тогаш и непостоите како таков. Во таа смисла и во тој дух, мора да се бара начин и патишта како да се задоволат сите страни. Задоволството на сите страни јас го гледам и во државен и во црковен, секој како сака нека не нарекува, а нека не остават на мир да се нарекуваме онака како што се нарекуваме и како се чуствуваме- рече владиката Петар.

Денеска и утре во Битола го чествува ликот и делото на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски во чија чест беше одржана утринска литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ и литија на која учествуваа верниците и првите луѓе на локалната  власт.

 
 

 

 

17.12.2017 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега