Тројца астронаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица

 Тројца нови членови американски, јапонски и руски астронаут денеска полетаа од Казахстан кон Меѓународната вселенска станица. 

Командантот Антон Шкаплеров од Роскосмос, инженер за летање Носишиге Канаи од Јапонската агенција за аеровселенско истражување и Скот Тингл од НАСА полетаа од космодрот Бајконур. Екипажот постепено ќе пристапи кон станицата, која орбитрира на околу 400 километри над Земјата.

Шкаплеров, Канаи и Тингл ќе им се придружат на Александат Мисуркин од Роскосмос, и на Марк Ванде Хеј и Џо Акаби од НАСА, кои се Меѓународната вселенска станица  уште од септември. 

 

 

 

17.12.2017 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега