Четири синдикати потпишаа повелба за солидарност
Четири синдикати денеска во Скопје потпишаа повелба за солидарност во насока на воспоставување заедничка соработка.
Повелбата ја потпишаа претседателите на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумите работници, Самостојниот синдикат на клиничките центри, Синдикатот на работниците од управата, праводусните органи и здруженијата и Синдикатот на македонската дипломатска служба.
Потпишувањето на повелбата, како што истакнаа денеска претседателите на синдикатите на прес-конференција, е поттикнато од се почестото намалување на работничките права, влошувањето на условите за работа и ослабувањето на синдикалното движење.
- Очекуваме дека повелбата е прв чекор и демонстрација на синдикалниот солидаризам и активност која ќе доведе во Македонија повеќе никогаш да не се наметнува дилемата дали 1 Мај се слави со скара или со барање за поголеми права, плати и подобри услови за работа. Тие барања се финдаментот на синдикалното движење, подвлече Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.