Судот во Стразбур смета дека Тимошенко е политичка жртва
Европскиот суд за човекови права истакна дека затворањето на Јулија Тимошенко, поранешната премиерка на Украина, е политички мотивиран настан. Ваквата судска одлука за случајот ги влоши односите мешу Украина, Европа и САД.Во моментот на нејзиното читање, претставникот на украинската Влада ја напушти судницата. Засега останува енигма дали ваквата одлука на судот во Стразбур ќе биде правно обврзувачка за Украина.
Тимошенко, една од лидерите на украинската продемократска „портокалова револуција“ од 2004 година, е осудена на седум години затвор, во октомври 2011 година поради злоупотреба на службената положба и потпишување на штетен договор за гас со Русија, додека беше на премиерската функција.