Понижување на текстилните работници - штипска конфекција поделила К-15 од 100 денари
Штипска конфакција на своите вработени им поделила К -15 од по само 100 денари, објави ТВ Стар. Ваквиот надоместок за годишен одмор работниците го добиле откако интервенирала трудовата инспекција по пријава на Хелсиншки.
Но, наместо предидениот износ од околу 40 % од платата, пишуваат од Тв Стар, конфекцијата како К-15 надоместок поделила по 100 денари:
-На наша иницијатива извршен е вонреден инспекциски надзор, во неколку конфекции во Штип, по што во една од нив е исплатен регрес за годишен одмор од само 100 денари, изјави Симона Живкова, правник во Хелсиншки Комитет за човекови права.
За ваквата одлука , конфекцијата го искористила делот од Законот кој предвидува исплата на помал износ од предвидениот, доколку работодавачот се соочува со проблеми при работењето:
Законот не прецизира кој е тој помал износ што може да се исплати, па работодавецот кој истакнал дека работи со загуба, со потпис на еден од вработените поделил по 100 денари за К 15, појасни Живкова.
Исто така, според сознанија на Хелсиншки и Здруж. Гласен текстилец, не се почитува ниту Законот за минимална плата:
Во повеќе конфекции е утврдено исплаќање на плата помала од минималната, а во три конфекции во Куманово, Валандово и Делчево, работниците враќале на рака дел од платата, рече Кристина Ампева, прет. на Здруж. „Гласен текстилец“ – Штип.
Поради ова, на работниците им се советува синдикално организирање, но со претставник кои сами ќе го изберат, а не со таков кој ќе им биде наметнат од други.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа