Бидете подготвени - еден македонски град утре ќе биде без вода
Во дел од централното градско подрачје на Гевгелија, утре од 9 часот до отстранување на дефектот, ќе биде прекинато водоснабдувањето, соопштија попладнево од јавното комунално претпријатие.
Комуналците потврдија дека причина за прекинот на водата за пиење ќе биде неопходната поправка на линиски вентил, на улицата „Маршал Тито“, спроти трговскиот центар во Гевгелија.
Прекинато водоснабдување до завршување на поправката ќе имаат жителите на споменатата улица на потегот од градската библиотека до раскрсницата со улиците „Ванчо Прке“, „Иво Лола Рибар“, „Страшо Пинџур“ и „7 Ноември“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа