Притвор за член на обезбедувањето на Собранието кој го спасуваше Села
Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на полицаецот Абдулфетах Алими, вработен во обезбедувањето на Собрание, кој го спаси Зијадин Села на 27. април.
Тој е обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, а денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, од каде е пренесен во затвор.
Неофицијално, од него биле земени клучевите за отворање на собраниските врати.
11.12.2017 - 14:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа