Џафери ја заокружи посетата на Вашингтон со средба со Цветанов и Твиниг

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на маргините на Парламентарно безбедносниот Форум во Вашингтон се сретна со Цветан Цветанов, координаторот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ во Народното собрание на Република Бугарија.

Од собраниската прес-служба соопштија дека Џафери и Цветанов разговарале за теми од взаемен интерес, при што се истакнало дека Бугарија како иден претседавач со ЕУ ја знае важноста на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и затоа ќе биде силен поддржувач во таа насока. Друга значајна тема на која разговарале биле регионалните инфраструктурни проекти. 

Претседателот на Собранието се сретнал и со претседателот на ИРИ, Даниел Твининг. На средбата Џафери истакнал дека работата на ИРИ во Македонија е повеќе од добредојдена, бидејќи, како што посочил, анкетите кои тие ги реализираат, покрај тоа што се неутрални, се покажуваат и како прецизни, што се потврди со резултатите од неодамнешните избори. Двете страни се согласиле дека оваа соработка е корисна и оти ќе продолжи во иднина со поголем интензитет.

Со овие две средби Џафери ја заврши работната посета на Вашингтон.

 

 

 

10.12.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега